ГФК Осогово

АДМИНОТ НА ОСОГОВО ИМА НЕШТО ДА ВИ КАЖЕ?

Како што пишува во насловот, тимот на фудбалскиот гигант Рома од Италија имаше што да ни каже за добро завршената работа, напротив работата овде не завршува и нашата активност ќе биде уште по експанзивна.

Кога интересот за фудбалот и општо за спортот во нашиот град е се помал, нашиот клуб продолжува и во периодот кога не се игра фудбал да го промовира фудбалот, градот и спортот  и да биде активен на социјалните медиуми, но и да биде во полна пареа на подготовки за полусезоната што доаѓа. Корист од целата фузија на користењето на социјални медиуми и информирање околу случувањата највеќе има градот Кочани и сите фанови на нашиот клуб кој денес во името на ГФК Осогово добија амбасадор, кој знае како да направи добра промоција и надвор од рамките на фудбалскиот терен.

Како позитивна вест секако е номинирањето на Твитер Профилот на ГФК Осогово за Тим на Денот од страна на фудбалскиот клуб Рома, кој важи за “Големиот Брат“ помеѓу фудбалските екипи на оваа социјална мрежа. Апсурд е медиумското внимание од страна на “Римската Волчица“ наместо од локалните градски медиуми кои ставаат под тепих дури и мала позитивна прашина што се крева под “градскиот фудбалски клуб“. Без разлика на нивниот сиромашен избор на новости, скептични сме дека би ги прифатиле актуелните случувања на спортската сцена во нашиот град, туку поинтересни се преноси и известувања од фудбалските бавчи на Пијанечко-Малешевскиот регион и подножјето на рудникот Саса, или со други зборови троскотот на соседниот двор е “поинтересен“ од вегетацијата на сопствениот.

Позади сцената на ГФК Осогово стои млад и ангажиран тим отворен за соработка кој е уверен во квалитетите кои екипата во целина ги поседува, и кои со минимални услови прават вистински напори, етапно за клубот до златниот јубилеј да се врати на старите патеки, а истрајноста е одлика на секој голем клуб.

Сите наши фанови се силен симбол на нашата игра, за кои ќе понудиме уште подобар перформанс за следната сезона. Вие сте нашата мотивација со која ние сме должни да ви го дадеме очекуваниот резултат. Следете не!

А Допо!

 

 

 

Leave a Reply