ГФК Осогово

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ Е НАШ ПРОТИВНИК ВО 1/8 ФИНАЛЕ ЗА КУП НА МАКЕДОНИЈА

Извлекувањето на двојките за осминафинале на македонскиот куп донесоа интересни и неизвесни дуели и битки за пласман во понатамошниот круг.

ГФК Осогово куп натпреварувањето го започна од 1/16 финале, кое беше добиено 1:0 со еден одигран меч во Кочани против екипата на ФК Победа АД од Прилеп.

Во следната рунда нашиот тим го доби минатогодишниот освојувач на купот ФК Академија Пандев тим кој е фаворит за освојување на купот и оваа година, но и исто така конкурент за највисок пласман во првата МФЛ.

Останати двојки во осминафиналните дуели се:

Брегалница Штип – Македонија Ѓ.П.

Шкупи – Силекс

Пелистер – Работнички

Тиквеш – Ренова

Лабуништа – Охрид

Борец – Струга Т.Л.

Вардар – Шкендија

Натпреварите против Академија Пандев се играат на:

25.09.2019 во 15:30 часот во Струмица

30.10.2019 во 13:30 часот во Кочани.

Leave a Reply