Академија

ГФК Осогово во моментот има две младински категории кои активно се натпреваруваат во лигите на ФФМ.

„Жолто-сините“ сезонава играат во Регионална Пионерска лига ИСТОК до 17 години и Регионална Помлада пионерска лига ИСТОК до 15 години.

Нашата школа моментално брои 40 членови, со тенденција бројката да расте. Како кординатор на младинските категории во клубот работи Зоран Тодоров, поранешен фудбалер со интернационална кариера во Србија каде што настапуваше за Земун, Смедерево, Вождовац и низа други клубови.

Како тренер работи и Александар Нисев кој има завршено Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ДИФ).

Во клубот не се плаќа членарина и е отворен за сите млади дечиња кои имаат желба да се запишат и да тренираат во ГФК Осогово. Тренинзите се одвиваат на помошниот терен на стадионот „Никола Мантов“ секој работен ден (од понеделник до петок). Од 10.00 часот и од 15:30 часот.

Како една од главните заложби на новата управа се токму младинските категории и акцентот со работа на младите фудбалери. По консолидацијата, ќе следи и организација и зголемување на бројот на категории на младинската акадмија.