ГФК Осогово

АНДОВ ГО ОТКРИ СТРУЧНИОТ ШТАБ И ЈА ЗАКАЖА ПРВАТА ПРОЗИВКА

Летниот одмор помина, време е за акција. Утре со почеток од 17:00 часот на Градскиот стадион „Никола Мантов“ ќе започнат подготовките на ГФК Осогово за новата сезона во Втората лига Исток.

„Жолто-сините“ и во новата сезона ќе ги предводи Александар Андов кој без размислување ја доби довербата од Управниот одбор на клубот.

„Подготовките во целост ќе се одработат на Градскиот стадион во Кочани. Наша цел е во секој натпревар да одиме на победа иако оваа година македонската Втора лига Исток ќе биде многу силна со екипи како Тиквеш, Брегалница, Беласица, Победа, Кожуф… Но во исто време тоа на нас ни дава дополнителен мотив да работиме напорно и да победуваме. Се надевам дека публиката која од секогаш ни дава поддршка, заедно со навивачката група Сејмени ќе биде нашиот 12-ти играч и ќе дава дополнителен имплус за работа и успешна сезона“, изјави Андов.

Во стручниот штаб на Андов во новата сезона ќе бидат помошниците Анѓелчо Арсов , носител на Б лиценца, и Кирчо Горгиев носител на А лиценца. Кондициониот тренер Трајче Богданоски, физиотерапевтот Славчо Наков, а како дел од тренерскиот тим во младинските екипи ќе бидат и Оливер Јовановски кој исто има А лиценца, Александар Нисев и Зоран Тодоров.

 

 

Leave a Reply