ГФК Осогово

АНДОВ СО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ОБВРСКИ – ЖЕНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ СО СОБИР ВО ОХРИД

Стратегот на ГФК Осогово, Александар Андов во моментов се наоѓа во Охрид каде што со женската фудбалска селекција на Македонија е на подготовки.

Најдобрите македонски фудбалерки  во Охрид ги започнаа подготовките за квалификациите за пласман на Европското првенство. „Црвено жолтите“ противниците во фазата по групи ќе ги добијат на 21 февруари на ждрепката која ќе се одржи во Швајцарија, а квалификациите започнува во септември.

Селекторот Кирил Изов на кого му посакуваме многу успех во следниот циклус ја изврши првата прозивка, а како дел од стручниот штаб работи и нашиот Андов кој ја извршува улогата на тренер на голманите. Притоа помага и во работата на селекцијата на кондициски план.

Собирот завршува в четврток (31. јануари), по што се враќа во Кочани каде како што е познато на 6. февруари ќе ја изврши првата прозивка на ГФК Осогово.

Leave a Reply