ГФК Осогово

АНДОВ ЈА ЗАКАЖА ПРВАТА ПРОЗИВКА – ГФК ОСОГОВО ГИ СТАРТУВА „МОТОРИТЕ“

По одлуката на Третата лига – Исток пролетната полусезона да започне на 10. март, шефот на стручниот штаб на нашиот тим, Александар Андов ја закажа првата прозивка. Истата ќе биде извршена на 06.02.2019 година (среда) со почеток од 13:00 часот на Градскиот стадион „Никола Мантов“.

ГФК Осогово на стартот на подготовките ги очекува сите фудбалери кои настапија во есенскиот дел од сезоната со исклучок на Филип Димоски кој е ослободен од обврските кон составот од Кочани.

„За мене како шеф на стручниот штаб е битно што играчкиот ростер останува непроменет, со неколку минимални засилувања. Тоа значи дека ќе ја имам на располагање екипата која е есенски шампион со 6 бода преднос. Немаме и некоја изразита потреба од промена бидејќи играчите кои што ги имам во целост ги исполнија моите очекувања и замисли во првиот дел од сезонта. Затоа се решив да не правам големи промени во играчкиот ростер. И понатаму како клуб остануваме на нашата замисла за форсирање наши млади играчи од кои очекуваме во иднина да го понесат главниот товар во екипата“ изјави тренерот Андов кој во кратки црти ги најави подготовките:

„Што се однесува до подготвителниот период планирани се да се одиграт максимално четири контролни средби кои треба да послужат во темпирање на формата за вториот дел од шампионатот имајќи во предвид дека во првите четири кола играме три меча на домашен терен и тоа во директен дуел со второпласираната и третопласираната екипа. Целите подготовки ќе ги одработиме на нашиот стадион, во Кочани“

Во следниот период ГФК Осогово ќе промовира неколку засилувања за кои во процес е комплетирање на документацијата и завршување на административните процеси. Веќе се договорени безмалку сите контролни средби, но имињата на противниците ќе бидат објавени кога ќе се прецизира датумот и местото на одигрување.

Leave a Reply