ГФК Осогово

Антура нов партнер и спонзор на ГФК Осогово

Холандската компанија Антура со производствен погон во Кочани, покажа дека пред се е голема и општествено одговорна компанија која се грижи за спортот, здравиот дух и иднината на младите во нашиот град и државата.

Нашиот фудбалски клуб Осогово доби голем партнер и поддршка во сите сегменти и планови на работа, а пред се онаму каде што најмногу е потребна помош во финансиската структура. Менаџментот на компанијата “Антура“ брзо ја препозна посветената работа во клубот, како нашиот клуб се развива и полека се враќа на старите патеки и се бори во иднина на граѓаните на општина Кочани да им донесе прволигашки фудбал и радосни моменти. Па се решија на чекор повеќе, а тоа е да застанат позади нашиот проект и да се посветат на барањата и целите за соработката да биде уште по прогресивна во периодот кој доаѓа.

Антура е технолошки високо софистицирана лабораторија и компанија чија главна дејност е производство на млади растенија од видот на Phalaenopsis. Горди сме што сме дел од меѓународната хортикултурна индустрија во склоп на Anthura International B.V.

Антхура стратешки е лоцирана на влезот на Кочани и интензивно се развива од 2014. Ваквиот интензивен развој продолжува и во иднина со зголемување на производствениот капацитет и константно зголемување на бројот на вработени.

Реализацијата на главното мото на компанијата “Unlimited in varieties”, односно неограничена понуда на цветни вариетети бара максимална фокусираност и проактивен пристап од страна на сите нивни вработени. Секој ден, секој вработен во својата работа вложува огромна страст и посветеност се со цел да им овозможат на клиентите растителен материјал со висок квалитет.

Растенијата се произведуваат во лабораториски услови во согласност со строгите хигиенски стандарди кои се применуваат од страна на сите вработени. Антхура успеа да креира ефикасен и професионален тим кој го олеснува понатамошниот развој на компанијата, резултирајќи со одржлив производствен процес и производство на високо квалитетни млади растенија од видот на Phalaenopsis.

Антхура се стреми кон балансиран пристап спрема сите засегнати и инволвирани страни, водејќи сметка за економските, социјалните и еколошки аспекти без да ја изгуби ориентираноста кон строгите барања на пазарот. Како компанија се надеваат на просперитетна и одржлива бизнис клима во Македонија и секојдневно придонесуваат кон тоа.

ГФК Осогово неизмерно се заблагодарува на поддршката и партнерствто на Компанијата Антура МК и ги повикува сите останати бизнис сегменти во регионот да се придружат кон овој проект, за да заедно креираме нови успеси од кои најголема придобивка имаат младите, здравиот начин на живот и градот Кочани.

Leave a Reply