ГФК Осогово

АРСОВ И АКСЕНТИЕВ НОВИ АСИСТЕНТИ ВО ПРВИОТ ТИМ

Нашиот тим од денес е комплетен во организацијата и поставување на тренинзи и активности за фудбалерите. Шефот на стручниот штаб Кирчо Георгиев денес како свои асистенти ги доби Анѓелчо Арсов (Ѓечо) и Ефтим Аксентиев.

Арсов целата своја професионална играчка кариера ја помина во ГФК Осогово и беше дел од сите категории и многу циклуси во клубот. Тој исто така одредено време играше и во бизнис футсал лигата на Македонија, а беше и дел од тренерскиот тим во нашиот клуб на крајот од претходната сезона.

Ефтим Аксентиев е исто така дете на Осогово, кој од мали нозе настапуваше во клубот, но дел од своите најдобри денови и професионална кариера ја мина и во Работнички, Еуромилк, Силекс, Саса како и Скендербег од соседна Албанија. За Аксентиев ова ќе биде прва тренерска активност, тој исто така ќе посвети внимание и на работа како тренер со младинските категории.

Фудбалерите на нашиот тим ќе има што да учат од двајцата искусни поранешни фудбалери и професионалци. Им посакуваме успешна работа и одлични резултати во новата сезона.

АВАНТИ ОСОГОВО!

Leave a Reply