ГФК Осогово

БЛАГОЈЧО КОЦЕВ – ТРЕТО ЗАСИЛУВАЊЕ

Во финишот на зимскиот преоден рок, екипата на ГФК Осогово дојде и до третото засилување. Кон нашиот клуб пристапи Благојчо Коцев кој воедно е повратник во „жолто-синиот“ дрес.

Станува збор за 28-годишен фудбалер кој игра на позицијата лев бек, но по потреба може да игра и на лево крило. Коцев на Градскиот стадионо „Никола Мантов“ доаѓа од Каменица САСА каде што ја мина минатата сезона.

Со ангажманот на Коцев се очекува екипата, а пред се одбраната да добие на искуство сооглед на тоа што станува збор за фудбалер кој има второлигашко педигре.

Во својата досегашна кариера Благојчо има настапувано за Агрос Грдовци, Слога, Плачковица како и Каменица САСА.

Leave a Reply