ГФК Осогово

ВЕТЕНО-СТОРЕНО: ГФК ОСОГОВО ЈА КРЕНА ТИТУЛАТА И ЕКСПРЕСНО СЕ ВРАТИ ВО ВТОРА ЛИГА

ГФК Осогово во последното коло од Третата лига Исток пред празни трибини на „Никола Мантов“ одигра мирољубиво реми без голови против Слога од Виница (0-0).

„Жолто-сините“ одиграа еден супериорен меч, пред се во првото полувреме кога погодивме три стативи, а промашивме и две одлични шанси за гол. Во вториот дел исто така имавме низа прекрасни шанси, а и гостите преку контри на неколку наврти го загрозија нашиот гол.

По крајота на мечот од претседателот на Третата лига Исток, Владо Андов на нашиот капитен Андреј Коцевски му го врачи победничкиот пехар. По ова со шампањ фудбалерите го прославија успехот и направија заеднички фототграфии за успомен.

Leave a Reply