ГФК Осогово

ВЕТЕНО-СТОРЕНО! ОСОГОВО ДОБИ НОВА ОПРЕМА!

Како и што беше ветено, новата Управа на ГФК Осогово обезбеди комплет опрема за екипата.

Клубот после долги години конечно доби вистинска спортска опрема и личи на една сериозна екипа.

Пред почетокот на пролетниот дел од Втората лига Исток обезбедени се:

-Комплет тренерки (горен и долен дел)
-Зимни јакни
-Шушкавци
-Комплет гарнитура дресови ( дрес, шорц и штуцни)

Притоа управата се погрижи екипата да ги има сите оптимални услови во подготвтиелниот период. Започнувајќи од опремата, исхраната, условите за тренинг, теретана, масажа… се со цел максимално подготвени да го дочекам продолжението од сезона и да се избориме за нашата цел, опстанок во лигата.

 

Leave a Reply