ГФК Осогово

(ВИДЕО) ГФК ОСОГОВО ГОСТИН НА ТВ ТЕЛМА

ГФК Осогово претставуван од техничкиот директор, Венко Крстевски беше гостин на Утринската емисија на ТВ Телма.

Крстевски заедно со уредникот на „Мацедонинанфудбал“, Филип Здравески разговараа на темата, „Фудбал на Прва“, иницијатива која што потекна токму од нашиот клуб.

#ФудбалНаПрва е иницијатива покрената од фудбалскиот клуб Осогово на социјалните мрежи како и поддржана од повеќето фудбалски клубови, фанови и љубители на играта.

Идејата за покренување на овој предизвик е да се подигне свеста кај националните медиумски куќи за промовирање на домашното фудбалско првенство, кај компаниите за можност за тв реклама и спонзорства и поддршка во клубовите како и можност фановите и публиката да бидат подобро запознаени со квалитетот на екипите, играчите и самото првенство.

За потребите на оваа иницијатива направена е и веб страна „fudbalnaprva.com“.

Leave a Reply