ГФК Осогово

ВИДЕО: ЕЛВИР РАМИЌ СЕДМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ГФК ОСОГОВО

Нов член на ГФК Осогово е младиот 19-годишен Елвир Рамиќ кој ни доаѓа од редовите на актуелниот шампион Шкендија.

Рамиќ е играч од дефанзивата каде игра како централен стопер  и како десен бек. Минатата сезона беше стандарден првотимец на младинскиот тим на тетовчани. Елвир е фудбалер кој своите кадетски денови ги мина исто така во Шкендија каде што пристигнал од редовите на Вардар каде што како пионер бил капитен на екипата.

Своевремено, Рамиќ има настапи и за младите селекции на Македонија.

Како што е познато претходно на тимот му пристапија, Дени Стоименов, Миле Костоски, Влатко Коцев, Христиан Христов, Борче Ужевски и Борис Донев. Во следниот период со уште неколку нови фудбалери ќе биде докомплетирана екипата

Leave a Reply