ГФК Осогово

(ВИДЕО) Манасиев со „Аванти Осогово“ одличен во Косово на стартот од сезоната

Големиот навивач на ГФК Осогово, возачот Дејан Манасиев од Кочани викендов ја започна сезоната во македонскиот авто-мото шампионат во ридско брзинска конкуренција.

Првата трка се возеше во соседно Косово на патеката Кула , а ова натпреварување се бодуваше и за нашиот шампионат.

Во конкренција на домашниот, македонски шампионат во категоријата Е1 заврши на второто место. Од сите македонски учесници беше третопласиран, додека во севкупниот ранкинг беше 24-ти.

За Манасиев ова е деби сезона во оваа конкуренција откако минатата година се појави за првпат на трката на Пониква.

Неговото возило Рено Клио е во препознатливите бои на Осогово, -жолто-сино, а притоа го има и логото на нашиот клуб како и слоганот „Аванти Осогово“.

Во продолжение проследете го едно од возењата на популарниот Дене:

Leave a Reply