ГФК Осогово

ВЛАТКО КОЦЕВ СЕ ВРАТИ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ

Уште едно ново име во низата засилувања за ГФК Осогово. По година ипол во клубот се враќа искусниот 32-годишен Влатко Коцев.

Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата последен играч за врска. Коцев во “жолто-синиот” дрес доаѓа од редовите на Каменица Саса каде што ги мина последните 6 месеци.

Претходно има настапувано и за Силекс, Брегалница Штип и Скопје.

Leave a Reply