ГФК Осогово

ВО ОВОЈ ТИМ ИМА МНОГУ ПОТЕНЦИЈАЛ НО И МНОГУ РАБОТА

Во пресрет на натпреварот со тимот на ФК Кожуф кој се игра во Кочани оваа недела од 15:00 часот, нашиот тренер и шеф на стручен штаб Жанко Савов излезе со официјално соопштение по повод досегашната работа во клубот.

Од своја перспектива и увид во работата на теренот како и досегашните резултати Савов на кратко изјави:

За кратко време имав прилика да се запознаам одблиску со квалитетите и ресурсите со кој рапсолага Осогово. Во овој тим има многу голем потенцијал. Од старт на сезона има многу клучни повредени играчи од кој зависи ростерот на тимот, но исто така не чека многу работа и напорни тренинзи за да го постигнеме нивото на кое треба да биде овој клуб. Во моментот немаме многу избор и ќе мораме со сите расположиви сили да играме и освојуваме бодови. Јас во едно сум убеден, а тоа е дека дисциплинираната работа и упорност ќе донесат резултат.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и фанови на нашиот тим во Недела од 15:00 часот да се појават на стадионот Никола Мантов во што поголем број и да му ја дадат својата поддршка на клубот во моменти кога најмногу му е потребна! Недела е ден за фудбал! Заедно за Осогово!

Leave a Reply