ГФК Осогово

ВО СТРУМИЦА СЕКОГАШ Е ТЕШКО НО НИЕ ИМАМЕ ЕДНА ЦЕЛ

“Во нашиот тим владее одлична атмосфера и сите функционираме како едно, заедно сме и во победи и во порази и тоа ни дава сила да работиме уште по напорно и да се докажуваме на теренот. Натпреварот против Беласица ќе биде тежок, таму е секогаш напорно за игра и се работи за квалитетен противник кој исто така претендира за највисок пласман во лигата. Наше е да се надигруваме и одиме во Струмица со една цел а тоа е храбра борба за победа и 3-те бода од ова гостување да легнат на контото на Осогово.“

ова е официјална изјава на нашиот играч за врска Филип Михаилов пред натпреварот со Беласица кој го играме утре на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 15:00 ч.

Leave a Reply