ГФК Осогово

Втора победа во контролните средби: Убедливо против Овче Поле

Во четвртиот контролен меч денес ГФК Осогово ја оствари втората победа откако славеше над Овче Поле во Свети Николе со резултат од 2-5 (1-2).

Тренерот Кирчо Горгиев денес мечот го почна со еден комбиниран тим и со нова тактичка поставеност на теренот за разлика од претходните дуели (3-4-3).

Нашиот тим тргна супериорно и поведе уште во 7. минута преку Тоше Манов кој во 25. минута веќе зголеми на 0-2. Домаќините во финишот на првиот дел намалија на 1-2.

Во вториот дел следеа низа промени во нашиот тим, па по две минути игра (47′) нововлезениот Михаилов погоди од далечина за 1-3. На 1-4 зголеми Трајановски во 78. минуа, за да Овче Поле од слободен удар неколку моменти подоцна намали на 2-4. Конечниот резултат од 2-5 го постави Димовски во 87. минута.

Денешниот меч ГФК Осогово го започна во следниот состав: Ивановски, Анеловски, Крклински, Стоиловски, Донев, Ѓорѓиев, Дончев, Глигоров, Паунов, Манов, Здравевски.

Во вториот дел влего: Михаилов, Трајановски, Недановски, Коцев, Гаврилов, Соколов, Тренчев и Димовски. Поштеда за денешниот меч добија Ричков и Атанасовски.

Следниот и воедно последен контролен меч кој ќе биде генералка пред продолжението од ВМФЛ Исток ќе биде мечот против Победа во Прилеп кој се игра во сабота.

Leave a Reply