ГФК Осогово

ВТОР ПОРАЗ ВО ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД

ГФК Осогово денес на „Никола Мантов“ го забележа вториот пораз во подготвителниот период. Екипата на Слога од Виница славеше со 2-3 (0-0).

Сите пет погодоци паднаа во вторите 45 минути од натпреварот. Првото полувреме се играше по мошне топло време, а се играше пред се на средината на теренот. „Жолто-сините“ на неколкупати се заканија со глава по прекини и нафрлувања, но противничкиот голман добро интервенираше.

Тренерот Александар Андов на паузата помеѓу двата дела направи седум замени меѓу кои имаше петмина фудбалери на проба. Виничани тоа го искористи па по една полуконтра поведо со 0-1 на стартот на второто полувреме. Десетина минути повторно по една слична акција падна и вториот гол (0-2).

Во продолжени Осогово напаѓаше па преку Миле Костовски од пенал намали на 1-2. Потоа по еден слободен удар топката дојде пред противничкиот гол каде што Влатко Коцев стрелаше за 2-2. На пет минути пред крајот гостите по една долга топка и контра напад дојдоа до победа од 2-3 откако киксираше нашиот голман.

Следниот контролен натпревар се игра во среда против Каменица Саса исто во Кочани.

Leave a Reply