ГФК Осогово

Горгиев нов тренер на ГФК Осогово – изврши прва прозивка

За нов тренер на ГФК Осогово е назначен Кирчо Горгиев. Впрочем тој по неколку месеци пауза се враќа во клубот каде што претходно работеше како асистент.

Новиот предводник на „жолто-сините“ во својата тренерска кариера има работено во ФК Зрновка, ФК Слога Виница, и ФК Каменица САСА. Горгиев веќе денес ја направи првата прозивка откако беше одржан состанок со играчите и управата.

Официјалниот дел од подготовките ќе започне утре, а истите ќе се одвиваат на Градскиот стадион „Никола Мантов“. Планирано е одигрување на четири контролни дуели.

„Прво и основно што сакам да воведам е ред и дисциплина, а тоа носи и максимална работа. Амбициите се јасни, а тоа е да се обидеме да избориме опстанок што ќе биде тешко, но и не и невозможно. Нивото на играта ќе мора да го кренеме на едно завидно ниво. Екипата во однос на есенскиот дел ќе претрпе големи промени“, изјави Горгиев.

Leave a Reply