ГФК Осогово

ГОСТИТЕ НЕ СЕ ПОЈАВИA НА „НИКОЛА МАНТОВ“ – ПУБЛИКАТА РАЗOЧАРАНА – БАРА ФУДБАЛ

Кога помисливме дека проблемите на одредени клубови се надминати и конечно ќе започне Третата лига – Исток, денес сепак не се играше фудбал во Кочани. Причина е што гостинската екипа на Кежовица не се појави на Градскиот стадион „Никола Мантов“.

Од гостите од Ново Село немаше ниту трага, ниту глас. Нашите фудбалери излегоа на теренот и се загреваа, пристуни беа и сите службени лица (судии, делегат, полиција, Брза помош), но не и Кежовица.

По чекање од пола час колку што налагаат прописите на ФФМ, делегатот го изготви записникот, по кој според правилата Осогово го следува по автоматизам службена победа од 3-0 и нови три бода.

Во следното, 16. коло „жолто-сините“ треба да гостуваат во Пробиштип против Рудар. Се уште не е познато дали мечот ќе се игра в среда како вонредно коло или пак следната недела.

Leave a Reply