ГФК Осогово

ГОСТУВАЊАТА СТАНУВААТ ХРОНИЧЕН ПРОБЛЕМ

ГФК Осогово во рамки на 10. коло од Третата лига Исток забележа пораз на гостувањето кај Овче Поле со убедлив резултат од 3-0.

Победата на екипата од Свети Николе е сосема заслужена, а Осогово потврди дека гостувањата оваа сезона стануваат хроничен проблем сооглед дека ова е трет неуспех во тековниот шампионат.

Иако противничката екипа далеку послабо кондициски подготвена, сепак поумешна и со повеќе желба ги надигра нашите индиспонирани фудбалери кои на теренот делуваа тотално непрепознатливи.

Овој резултат делува разочарувачки, а и треба да биде, но нема простор за паника и голема загриженост. И понатаму сме на челното место, па во следниот период очекуваме консолидација и пребродување на „феноменот“ наречен „гостински терен“.

Шанса за поправен ГФК Осогово има веќе в недела кога фудбалерите имаат можност да покажат зошто се дел од овој клуб и да ја оправдат довербата која им е дадена. Гостуваме во Берово против тимот на Малеш.

Leave a Reply