ГФК Осогово

ГФК ОСОГОВО ПО ПАУЗА ОД ТРИ СЕДМИЦИ КОНЕЧНО ОДИГРА НАТПРЕВАР

Екипата на ГФК Осогово денес конечно успеа да одигра меч, макар тоа било и пријателски. По пауза од три седмици без натпревари или во превод 24 дена (последниот на 2. март против Детонит Јуниор), ги одмери силите со прволигашот Победа од Прилеп.

Мечот се одигра на стадионот „Могила“ во Прилеп, а домаќините славеа победа од 5-0 (2-0). Во нашите редови беше евидентна осцилацијата и падот на формата кој се должи на големиот период без натпревари што е последица на хаотичната и неизвесна ситуација со Третата лига Исток.

Домаќините во раниот дел од мечот, на самиот почеток бргу поведоа со 2-0, за да до крајот на првите 45 минути нашиот тим заигра нешто подобро, а преку Тоше Манов ја имаше најубавата шанса за гол, но неговиот удар од пет метри пред домашниот гол, заврши над пречката.

Во вториот дел подобрата физичка подготвеност, како и самиот квалитет дојде до израз кај Победа која постигна уште три погодоци. Најубавата можност за „жолто-сините“ за почесен гол ја имаше Ефтим Аксентиев кој погоди пречка од слободен удар.

Тренерот Андов денешниот меч го започна во следниот состав: Ѓ.Јовановски, Д. Нумоски, С.Спиркоски, С.Цветанов, Б. Коцев, А. Коцевски, С. Стојов, Ф. Ѓоргиев, Е.Аксентиев, Т. Манов, Д.Паунов. Играа уште: А.Рајатовски, С. Крстевски, И. Христовски.

Leave a Reply