ГФК Осогово

ГФК ОСОГОВО СО НОВ ТРЕНЕР! ДОБРЕДОЈДЕ ЖАНКО САВОВ

„По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“, изјави Жанко Савов после сезона 2017/18 кога нашиот клуб Осогово требаше да го предводи во второлигашка конкуренција, но поради техничко административни причини од страна на федерацијата, Осогово остана во 3-та лига и на тренерското место го постави А. Андов, а Жанко Савов на средина на сезоната беше назначен за тренер на ФК. Детонит Радовиш, клуб кој го спаси од испаѓање и го стабилизираше на сигурна позиција во текот на претходната сезона.

После оставката на А. Андов на клубот му се понудија многу тренери од прволигашка конкуренција како и со интернационално искуство. Но ние решивме да продолжиме таму каде што застанавме. Нашиот клуб уште еднаш му понуди соработка на Савов која експресно беше прифатена како предизвик и знак дека во клубот има позитивни вибрации и можност за напредок.

Жанко Савов како играч е трикратен освојувач на титулата на Македонија со тимот на Вардар со кој на два наврати го освои и Купот, а еднаш и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница,во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја за тимот на Џонбука, како и за Раднички Ниш од Србија.

Како тренер има работено во  Цементарница55, Маџари Солидарност, Борец Тетекс, Македонија Ѓорче Петров, Победа Валандово и Детонит Радовиш како негов последен ангажман.

Со Савов нашиот клуб доби одличен тренер кој екипата треба да ја подигне и мотивира за натпреварите кои следуваат. Тој деновиве го скенираше тимот и правеше анализи за поставеноста на играта.

После почетокот на првенството во 2 лига исток имаме освоено 0 Бодови и имаме постигнато 1 гол. Аларм кој треба да биде стишен веќе утре на натпреварот со Победа од Прилеп и нашиот тим да зачекори кон остварување на целите поставени пред почетокот на сезоната. 

 

Leave a Reply