ГФК Осогово

ГФК ОСОГОВО СО УШТЕ ТРИ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА

Од денес „жолто-синиот“ дрес го задолжија и Никола Стоиловски (17 години), Никола Костадинов (20 години) и Слаѓан Митевски (27 години).
Стоиловски е играч за врска кој доаѓа од младинските школи на Академија Пандев, а претходно бил и дел од Брегалница Штип.
Костадинов последен пат настапуваше за Победа Валандово, а низ кариерата овој фудбалер кој игра на крилните позиции има настапувано и за Миравци.
Митевски пак доаѓа од Силекс каде што безмалку ја има минато цела кариера. Станува збор за играч од средината на теренот.

Leave a Reply