ГФК Осогово

ДАРКО ЈОЦИЌ РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕВАТА БЕКОВСКА ПОЗИЦИЈА

Денес кон ГФК Осогово се приклучи уште едно ново име. Жолтиот дрес го задолжи 22-годишниот лев бек, Дарко Јоциќ од Борец.

Јоциќ веднаш се приклучи на подготовките на првата екипа. Иако релативно млад, важи за фудбалер кој има доста големо сениорско искуство.

Станува збор за дете на Пелистер од каде што преминува во Работнички, а во меѓувреме има и интернационално искуство за тимот на Лоде во Шведска. Токму во битолскиот и скопскиот клуб има играно и прволигашки фудбал.

Последен ангажман му беше тимот на Борец. Јоциќ е осмо ново име во клубот со што полека но сигурно се комплетира екипата.

Leave a Reply