ГФК Осогово

Димитар Иванов за посилен напад на ГФК Осогово

ГФК Осогово денес и официјално го доби второто засилување во летниот преоден рок во пресрет на новата сезона во ВМФЛ Исток.

На верност кон „жолто-сините“ се обврза крилниот напаѓач, Димитар Иванов кој доаѓа од редовите на Пелистер.

Станува збор за 25-годишен искусен играч кој во своето сиви има и прволигашки стаж од деновите кога го носеше дресот на Силекс.

Иванов во својата кариера покрај Пелистер и Силекс, има настапувано и за Тиквеш, Кожуф, Металург, Тетекс, Љубанци, Еуромилк ГЛ и Вардар.

Воедно Иванов е второ ново име во овој преоден рок откако претходно на ГФК Осогово му пристапи и Илија Далчески од Лабуништа.

Веќе утре нашиот тим ќе ја има првата контролна средба, а ривал ќе ни биде прволигашот Академија Пандев. Мечот ќе се игра со почеток од 18:00 часот на тренинг комплексот на струмичани.

Leave a Reply