ГФК Осогово

ДРАГАНИЦА КУП 2019 ЗА БЕЛАСИЦА – ВТОРОТО МЕСТО ЗА ОСОГОВО

Екипата на Беласица е победник на 13-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ 2019 кој се одржува во чест на легендата Драган Михајлов.

Ве реприза на минатогодишното финале, силите ги одмерија Беласица и Осогово, а на крај на трофејот се радуваа гостите до Струмица кои славеа победа од 3-0 (1-0).

Нашиот подмладок, фудбалери родени генерација 2004 година во првото полуфинале денес ги совладаа врсниците на Брегалница Штип со (3-0), а стрелци на погодоците беа Давид Јорданов, Филип Андонов и Бојан Николовски.

Во второто полуфинале Беласица беша подобра од Работнички откако славеше со 2-0 со головите на Давид Крстев и Александар Ефтимов.

Во мечот за трето место, поуспешна беше Брегалница Штип која оствари победа над Работнички со минимален резултат од 1-0.

Во финалето, сосема заслужено, втора година по ред се радуваше Беласица која славеше со 3-0.

Александар Ефтимов од Беласица со три погодоци беше прогласен за најдобар стрелец, па за награда доби диплома и топка. Неговиот соиграч Давид Крстев се закити со признанието за најдобар играч и притоа доби диплома, како и клупска маичка од нашиот клуб, а без примен погодок, наградата за најдобар голман ја доби Филип Лазаров, исто така од Беласица. Лазаров беше награден со диплома и ракавици.
Целиот турнир да помине во една фер и коректна атмосфера се погрижи судиската тројка, Тоше Џамов, Игор Богатинов и Дејан Стоиков.
ПОЛУФИНАЛЕ:
ГФК Осогово – ФК Брегалница Штип 3-0
ФК Беласица – ФК Работнички 2-0
ЗА ТРЕТО МЕСТО:
ФК Брегалница Штип – ФК Работнички 1-0
ФИНАЛЕ:
ФК Беласица – ГФК Осогово 3-0
НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ: Александар Ефтимов (Беласица)
НАЈДОБАР ИГРАЧ: Давид Крстев (Беласица)
НАЈДОБАР ГОЛМАН: Филип Лазаров (Беласица)

 

Leave a Reply