ГФК Осогово

ДРАГАН ПАУНОВ УСПЕШНО ОПЕРИРАН – СЛЕДИ ПРОЦЕС НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Драган Паунов успешно опериран – му посакуваме што поскоро опоравување и враќање на зелените терени.

Денес во болницата во Прилеп еден од нашите најдобри фудбалери беше подложен на оперативен зафат за санација на менискусот на коленото.

Оваа прилика ја користиме да изразим огромна благодарност до ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп како и до градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски кој пронајде време и лично го оперираше нашиот фудбалер.

Паунов веднаш по операцијата, во болницата беше посетен  од соиграчот, Стефан Спиркоски кој му посака брзо закрепнување.

Првичните информации велата дека на Паунов му следи пауза од 6 до 8 седмици.

Leave a Reply