За клубот

ГФК Осогово (Кочани) е еден од најстарите фудбалски клубови во историјата на Република Македонија. Оформен е во 1924 година и се до 1950 година се натпреварува под различни називи, се до креирањето на конечното име Осогово кое прераснува во препознатлив бренд на градот Кочани и е лиценциран од македонската фудбалска федерација во која се натпреварува, започнувајќи од националните купови, пониските лиги па се до првата македонска фудбалска лига.

Клубот моментално се натпреварува во Втората Македонска Фудбалска лига Исток.

ГФК Осогово во моментот се состои од: професионален А тим, младински тим до 19 години и младински тим до 17 години.

Заштитни бои на клубот и дресовите се жолто-сината.

Стадионот „Никола Мантов“ е со капацитет од 5000 Гледачи и е домашен стадион на ГФК Осогово. 

Навивачка група на ГФК Осогово се популарните “Сејмени“ и нивната подгрупа “Прва Постава“ кои се сместени на источната трибина.

Групна Фотографија на Екипата сезона 2018.

 

Официјални дресови сезона 2018/19` 

 

Официјално Лого на ГФК Осогово од 2018 г. 

 

Стадион Никола Мантов: Капацитет 5000 Гледачи.

 

 

Официјални профили на социјални мрежи:
facebook.com/gfk.osogovo      instagram.com/gfkosogovo     twitter.com/gfkosogovo