ГФК Осогово

ЗОРАН ТОДОРОВ ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ ЕКИПАТА ПРОТИВ РУДАР

ГФК Осогово во рамките на 16. коло од Третата лига Исток силите ќе ги одмери против Рудар во Пробиштип. Мечот е предвиден да се игра во недела на Градски Стадион Пробиштип со почеток од 15:30 часот.

За „жолто-сините“ по пет месеци пауза ова треба да биде прв официјален меч на кој како предводник ќе биде кординаторот на младинската академија, Зоран Тодоров.

Причина за ова е отсуството на нашиот прв тренер Александар Андов кој е на репрезентативен собир со женската фудбалска селекција на Македонија која ќе одигра два контролни меча со Косово.

Leave a Reply