ГФК Осогово

ИДНИНАТА Е ВО МЛАДИТЕ: МИТОВСКИ И ЦВЕТАНОВ СО ДЕБИ ЗА ПРВИОТ ТИМ

Ориентацијата кон млади и надежни фудбалери, стратегија што пред себе си ја постави оваа управа на ГФК Осогово е нешто што треба да го води клубот во следните години.

Во таа насока, на вчерашниот контролен меч против прволигашот Силекс во Кратово, тренерот Александар Андов им укажа шанса за првпат во сениорскиот тим на Осогово да заиграат два млади играчи.

Свое деби имаа 15-годишниот Славче Митовски, како и 14-годишниот Драган Цветанов кои добија 10 минути да почуствуваат сениорски фудбал.

Ова треба да биде дополнителен мотив како за нив, така и за сите останати членови на нашите младински категории да продолжат со максимална работа и залагање, нешто со кое ќе се приближат чекор поблиску до првиот тим на Осогово.

Leave a Reply