ГФК Осогово

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МЛАДИНСКАТА АКАДЕМИЈА

Сакаме да ги известиме членовите на нашата младинска академија дека сите активности до 24. март ќе бидат во мирување поради ситуацијата со Корона вирусот.

Поточно сите натпревари до посочената дата ќе бидат одложени, а исто така и тренажниот процес ќе биде прекинат.

Во оваа насока ви ја пренесуваме денешната информација од Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ)

Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Leave a Reply