ГФК Осогово

ИЛИЈА ДАЛЧЕСКИ ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ГФК ОСОГОВО

По стартот на подготовките и обновување на голем дел од договорите со досегашните играчи, дојде време и за нови засилувања.

Прво ново име во „жолто-синиот“ дрес за новата сезона во ВМФЛ Исток е 22-годишниот Илија Далчески кој ни доаѓа од екипата на Лабуниште.

Станува збор за поливалентен играч кој игра на позицијата последен играч за врска, но и централен дефанзивец.

Иако релативно млад, зад себе веќе има три сезони сениорски стаж и тоа како првотимец во екипата на Лабуниште која важи за една од најдобрите во западниот регион.

Кога сме кај Далчески да кажеме дека ги има поминато младинските школи на Работнички од Скопје.

Во следните денови нашиот клуб ќе промовира уште неколку нови имиња.

Leave a Reply