ГФК Осогово

И ОВОЈ ВИКЕНД ТОПКАТА ЌЕ МИРУВА

За жал и овој викенд нема да започне пролетниот дел од Третата лига Исток. По вторпат е одложен почетокот на продолжението од тековната сезона, а оваа одлука од раководните луѓе на лигата пристигна денес во нашиот клуб.

Во информацијата за одложувањето на стартот на лигата се вели:

„Почитувани. Поради не исполнување на условите за натпреварување во Третата лига Исток (ТЛИ), согласно актите на ФФМ, почетокот на пролетниот дел од првенството се одложува“

Како што информиравме пред неколку ден, ГФК Осогово има преостанати средства од првиот дел на натпреварувањето и исто така има уплатено финансии за вториот дел од натпреварувањето.

Искрено се надеваме дека останатите клубови ќе ги надминат проблемите и лигата ќе започне во најбраз можен рок, бидејќи во спротива најмногу губат клубовите, фудбалерите, а пред се публиката и љубителите на фудбалот.

Leave a Reply