ГФК Осогово

И СО АПСОЛУТНО НАЈМЛАД ТИМ ДОСЕГА ВО СЕЗОНАТА – УБЕДЛИВО СОВЛАДАН МАЛЕШ

ГФК Осогово во рамки на 18. коло од Третата лига Исток на домашен терен го совлада Малеш од Берово со убедлив резултат од 8-1 (3-0).

Со овој резултат „жолто-сините“ ја израмнија највисоката победа во досегашниот дел од сезоната (против Рудар 7-0). Интересно е што на овој меч Александар Андов настапи со апсолутно најмлад тим досега во сезоната. Со седум младинци во почетниот тим и просек на возраст точно од 21 година.

Резултатот беше отворен уште во 4. минута со голот на Паунов. Се играше 12. минута кога Крстевски погоди за 2-0, а три минути подоцна стрелаше за 3-0, резултат со кој се замина на паузата.

На самиот старт на второто полувреме, во 48. минута Крстевски постигна хет-трик, а три минути подоцна Наумовски стрелаше за 5-0. Тоше Манов во 68. минута погоди за 6-0, а Паунов две минути погоди и за 7-0. Последниот гол за нашиот тим го постигна Манов на пет минути пред крајот.

Гостите во 88. минута од пенал преку Пилов го постигнаа почесниот гол.

Андов мечот го започна во следниот состав: Јованоски (Ковачевиќ), Наумовски, Цветанов, Спиркоски (Нисев) ,Христовски, Рајатовски, Паунов, Крстевски, Стојов, Манов, Илијоски Кисески

Leave a Reply