ГФК Осогово

КИТ ГО СО ПРЕСВРТ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ДО ПОБЕДА ВО КОЧАНИ

Екипата на ГФК Осогово забележа вториот пораз во четвртиот контролен натпревар, денес од Кит Го Пехчево со резултат од 1-2 (1-0).

Нашата екипа го одигра најслабиот натпревар во подготвителниот период иако добро влезе во мечот. Веќе во 5. Минута поведе со 1-0 по голот на Тоше Манов кој убаво со глава ја смести топката во противничката мрежа.

Гостите на почетокот на второто полувреме, во 60. инута преку сомнителен пенал израмнија на 1-1 со голот на Мариќ. Во меѓувреме нашиот тренер Крсте Крстев на терен го пушти вториот тим, а тоа екипата од Пехчево го искористи и во 88. Минута преку Мариќ дојде до победа од 1-2.

Денес за нашата екипа, мечот го започнаа: А. Игески. Ј. Манев. Т. Манов, Х. Митревски, Д. Велевски, С.Цветанов, А. Коцевски, С. Митевски, Н. Костадионов, В. Жоглев, Д. Паунов Играа уште: М.Андонов, .К.Блажев Н.Стоиловски, Д.Анчов, С.Стојов, Х. Ќосевски, Б.Ангеловски, К. Јорданов, П.Петров

Leave a Reply