ГФК Осогово

КОЧАНИ И СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ ЈА ДОБИЈА ЧЕСТА ДА БИДАT ДОМАЌИНИ НА КУП ФИНАЛЕТО ЗА ЖЕНИ

Со одлука  денес на Управниот одбор на ФФМ, градот Кочани и стадионот „Никола Мантов“ ја добија довербата за организација на овогодинешното финале од Купот на Македонија за жени.

Мечот за титула е предвиден за 23 мај, со почеток од 17: 00 часот на „Никола Мантов“.

Ова е големо признание за нас како клуб, воедно и потврда за напорите кои ги вложува оваа управа во подобрување и надградба на стадионот.

Во таа насока изминатите месеци беше набавена нова механизација за одржување на теренот, а ито така и поставени пластични столчиња на една од трибините.

Leave a Reply