ГФК Осогово

Кој си поигрува со името на ГФК Осогово !?

По однос на соопштенијата на Трета фудбалска лига – Исток и Општина Кочани, сакаме да им порачаме да не го вплеткуваат клубот во политички игри и секој да си ја гледа својата работа.

Имено, изненадени сме зошто воопшто Трета фудбалска лига – Исток се обратила службено до Општина Кочани, кога помеѓу нив нема ништо заедничко и секоја комуникација поврзана со нашиот клуб треба да биде на релација лига-клуб, а не лига-општина.

ГФК Осогово има преостанати средства од првиот дел на натпреварувањето и исто така има уплатено финансии за вториот дел од натпреварувањето, со што приказната за неплаќање на котизација е неточна.

Општина Кочани пред да излезе со соопштенија поврзани со ГФК Осогово, професионално е да го исконтактираат клубот и ако имаат одредени заблуди, истите да не ги пласираат во јавноста со што се прави штета на клубот.

Сакаме да потенцираме дека средствата за првиот квартал не се целосно исплатени, односно преостануваат уште 52 500 денари (нека проверат подобро во програмата за спорт).

Патем истите финансии се оскудни споредбено со другите општини, но ние како клуб си ја работиме нашата работа, поради која моментално сме први на табелата и најпопуларен клуб во државата (официјално според следбеници на Твитер и Инстаграм).

Во иднина кога ќе се спомене името на ГФК Осогово бараме да бидеме исконтактирани, а не на слепо да му се нанесува штета на клубот.

УО ГФК Осогово Кочани

Leave a Reply