ГФК Осогово

МИНИМАЛЕН ПОРАЗ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО СРБИЈА ПРОТИВ ДУБОЧИЦА ЛЕСКОВАЦ

Екипата на Осогово по победата над Кожув (1-0), ремито со Победа Прилеп (1-1), забележа и пораз, денес во Лесковац од Дубочица со 2-1.

Поради лошите временски услови и несоодветно подготвениот терен на градскиот стадион во Лесковац, мечот се играше на друг терен. Нашата екипа денес настапи без тројца првотимци (Паунов, Блажев и Цветанов), но и покрај тоа одигра солиден меч и покрај поразот. Стрелец за тимот од Кочани беше Стојче Стојов во 74. Минута.

Тренерот Крстев денешниот меч го започна во следниот состав: А. Игески, Ј. Манев, Т. Манов, Х.Митревски, Д.Велевски, К. Јорданов, С.Митевски, А. Коцевски, В. Жоглев, Н. Костадионов, П.Петров.
Настапија уште: М.Андонов, Б.Ангеловски, Д. Анчов, Н. Стоиловски, Х.Ќосевски, П.Георгиевски, А. Гаврилов, С.Стојов.

Leave a Reply