ГФК Осогово

МИНИМАЛЕН ПОРАЗ ОД БЕЛАСИЦА

ГФК Осогово денес на стадионот „Младост“ во  Струмица го одигра третиот контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона во Втората лига Исток.

Поуспешна од „жолтo-сините“ беше екипата домаќин – Беласица која славеше со 2-1 (0-0). Минатогодишниот прволигаш го искористи нашиот „црн период“ на стартот на вторио дел и поведе со 2-0.

По нафрлени топки нашиот голман, но и одбраната делуваа конфузно, па тоа го искористи Мирчевски во 48. минута и погоди за 1-0. Од слична акција дојде и голот за 2-0 на Паноски. Конечниот резултат го постави Паунов кој во 67. минута погоди за 2-1.

Тренерот Алескандар Андов денешниот меч го започна во следниот состав: Ѓ. Јованоски, Д. Јоциќ, Е. Рамиќ, Н. Стоиловски, Д. Ивановски, Б. Донев. А. Коцевски, Д. Паунов. М. Костовски, Т. Манов, Д.Стоименов. Од клупата влегоа. А.Ангелков, Б.Андонов, В. Коцев, А. Гаврилов, Д. Иванов.

Екипата поради празниците има неколку слободни дена, а следниот контролен меч е на 7 август против Победа од Прилеп.

Leave a Reply