ГФК Осогово

МИНИМАЛЕН ПОРАЗ ОД БОРЕЦ – НО ИГРАТА И ШАНСИТЕ ЗА ГОЛ РАДУВААТ

Денес, ГФК Осогово го одигра последниот натпревар за тековната календарска 2018 година. Во пријателски натпревар одигран во Велес, нашиот тим беше минимално поразен од Борец со резултат од 2-1 (1-0).

Нашиот тим подобро го отвори мечот против актуелниот лидер во Втората лига Исток. Веќе во првата минута имавме шанса преку Митревски кој одлично изведе слободен удар, но противничкиот голман одбрани. Пет минути подоцна Коцевски убаво зафати една одбиена топка по наш изведен корнер, но и неговиот обид го скроти противничкиот чуварот на мрежата.

Се играше 15. минута кога домаќините, помалку среќно од 20 метри и одличен волеј го лобуваа нашиот голман. Но ова не беше причина „жолто-сините“ да продолжат со добрата игра. Непосредно по водството на домаќините, Коцев имаше одлична шанса за израмнување, но неговиот удар заврши над голот.

Во финишот на првиот дел Осогово преку Манов погоди и пречка, додека Стоименов на неколку метри од голот, непречен од никого имаше одличен зицер, но повторно без завршница.

Во вториот дел нашиот стратег Александар Андов направи низа измени и во игра влегоа помлади играчи, родени во овој милениум. Шанса да настапат добија Стефан Ковачевиќ (2000 година) и Драган Цветанов и Љупче Пејов (2004 година).

Борец во 60. минута зголеми и на 2-0, додека поразот во самиот финиш го ублажи Тоше Манов кој погоди во 88. минута. Вреди да се истакне дека нашиот тим мечот го заврши со играч помалку откако Никола Стоиловски доби црвен картон во 85. минута.

Leave a Reply