ГФК Осогово

МИНИМАЛЕН ПОРAЗ ВО ГЕНЕРАЛКАТА ПРЕД ПРОДОЛЖЕНИЕТО ОД СЕЗОНАТА

ГФК Осогово денес на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани одигра уште еден контролен меч, воедно генералка пред продолжението од Третата лига Исток.

Нашиот тим во третиот подготвителен натпревар го забележа првиот пораз откако второлигашот Детонит Јуниор од Радовиш, по пресврт славеше со (1-1)1-2 .

Осоговци одлично го отворија мечот, па во воведните дваесетина минути комплетно го надиграа противникот. Створија три одлични шанси за гол, но среќата не посака топката да заврши во противничката мрежа. Сепак во 15. минута избраниците на Андов по школски одработена акција поведоа откако за 1-0 реализираше Андреј Рајатоски.

Сепак гостите по пет минути стигнаа до израмнување, а притоа Осогово се соочи со двојна невоља откако во тие моменти се повреди нашиот дефанзивец, Никола Стоиловски.

Сепак Осогово до крајот на првиот дел имаше уште две одлични шанси за ново водство, од кој најизгледна беше онаа на Благојчо Коцев кој од слободен удар ја погоди пречката.

На полувреме Андов реши да го замени почетниот голман, Јовановски, како и искусниот дефанзивец, Цветанов. Играта во продолжени се ражести, како да се играше првенствен натпревар за бодови, пред се поради острата и груба игра од гостите врз нашите фудбалери. Сепак по една контра Детонит дојде и до вториот денеше гол, вреден за победа.

Во финишот, на пет минути до крајот Илија Шуманов ја имаше најубавата шанса за израмнување, но неговиот удар заврши во десниот директ од голот на Детонит.

Андов денешниот меч го започна во следниот состав: Ѓ.Јовановски, Д. Наумоски, Б. Коцев, Н.Стоиловски, С.Цветанов, А. Коцевски, С. Стојов, Ф. Ѓорѓиевки, Е. Аксентиев, А.Рајатовски, Т. Манов. Играа уште: С. Ковачевиќ, С. Спиркоски, Т.И.Кисески, И. Христовски, С. Крстевски, Ј. Стојов, И.Шуманов, А. Гаврилов.

Leave a Reply