ГФК Осогово

МИХАИЛОВ ОД АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ ПОЗАЈМЕН ВО ГФК ОСОГОВО

Од денес екипата на ГФК Осогово е посилна за 21-годишниот играч за врска, Филип Михаилов.

Станува збор за фудбалер на Академија Пандев кој во Кочани доаѓа како позајмен. Михаилов ги има поминато сите младински категории на струмичкиот тим, а веќе две сезони е дел од првата екипа.

Иако е релативно млад играч, Филип има зад себе завидно прволигашко искуство и треба да претставува големо засилување за нашиот тим.

Во следните два до три дена кон ГФК Осогово би можело да пристапат уште неколку нови имиња со кои ќе се затвори ростерот на екипата.

Leave a Reply