ГФК Осогово

МЛАДИНСКИТЕ КАТЕГОРИИ ПРОДОЛЖИЈА СО ТРЕНИНЗИ

Денес со состанокот и првиот тренинг беше означен стартот на реорганизацијата и во младинските школи на ГФК ОСОГОВО
Младинската школа на нашиот клуб и официјално со работа ќе започне од сабота (03.02.2017) со почеток од 15:00 часот на градскиот стадион „Никола Мантов“.
Сакаме да ги повикаме сите млади дечиња и ќе ни биде навистина мило и драго да се придружат на единствениот фудбалски бренд во градот, а тоа е ГФК ОСОГОВО.
Вратите на нашиот клуб се отворени за сите оние кои имаат желба да тренираат, без разлика дали се почетници или пак се дел од некои други школи и клубови.
Уписите ќе се вршат лично на стадионот или пак во порака на нашата страна.
Ве известуваме дека во младинските категории за оваа полусезона нема да се наплаќа членарина.

Leave a Reply