ГФК Осогово

Младите се иднината, а тоа ГФК Осогово најдобро го знае

Уште со преземањето на ГФК Осогово од оваа управа беше ставен акцент на работата и вложувањето во младинските категории.

Во изминатите три години максимално се работеше, нашите членови не плаќаа ниту членарина, ниту за превоз, ниту за опрема, беа потполно ослободени од овие трошоци. Притоа и се овозможени услови за работа од стручен кадар, а резултатите полека но сигурно излегуваат на површина.

Имено, новиот тренер на сениорската екипа, Кирчо Горгиев се одлучи за овие подготовки да вклучи дури петмина младинци кои се родени 2003, 2004 и 2005 година.

Па така од денес со првиот тим работат Љупче Пејов, Бојан Стојанов, Марко Соколов, Стојанче Тренчев и Давид Симонов. Ова треба да биде мотив и показател за сите наши млади надежи дека со работа и напор, секако и квалитет вратите на првата екипа се отворени.

Во оваа прилика сакаме да потенцираме дека уписите во нашата младинска академија повторно се активни и истите се вршат кај тренерите Зоран Тодоров и Александар Нисев, или пак на профилите на социјалните мрежи на ГФК Осогово ( Инстагра, Фејсбук и Твитер).

Leave a Reply