ГФК Осогово

МРЕЖИТЕ МИРУВАА: НЕРЕШЕН ИСХОД ПРОТИВ ПЛАЧКОВИЦА

И во вториот контролен меч ГФК Осогово одигра идентично како и на претходниот. Со конечен резултат од 0-0. По ремито во скопски Илинден против Кадино, денес истиот резултат беше постигнат и во Кочани против Плачковица од Радовиш.

Во првиот дел, како нашата, така и гостинската екипа имаа шанси да го отворат резултатот, но мрежите мируваа. Манов имаше две убави шанси да ја затресе мрежата на Плачковица, но истото не се случи. Гостите играа мошне грубо, па пред крајот на првиот дел нивниот капитен доби црвен картон, по вториот жолт. Но сооглед на тоа што беше пријателски меч, влезе друг играч.

Во вториот дел се играше претежно на средината на теренот, а проблем на играчите од двете страни претставуваше и силниот ветар.

Тренерот Андов денешниот меч го започна во следниот состав: Ѓ. Јовановски, Б. Андонов, Е. Рами. Д. Ивановски, Д. Јоциќ, В. Коцев, Х. Христов, А. Коцевски, Д. Паунов, М. Костовски, Т. Манов. Во игра влего и: А. Гаврилов. К.Арсов. И. Шуманов, Д. Стоименов. Д. Иванов и Б. Донев.

Следниот контролен меч се игра веќе в среда против Беласица во Струмица.

 

Leave a Reply