ГФК Осогово

НАУМОВСКИ МУ ПРИСТАПИ НА ГФК ОСОГОВО

Дарио Наумовски е уште едно од низата нови засилувања за нашиот клуб во зимскиот преоден рок. Овој 19-годишен фудбалер на нашиот клуб му пристапува од второлигашот Партизан Обршани каде што ја мина првата полусезона.

Станува збор за млад фудбалер кој преку настапите во Втора лига „заплови“ во сениорскиот фудбал. Наумовски е играч кој дејствува по десната страна, како крило и бек. По неколку дена минати  на подготовките со нашиот клуб, беше решено да биде ангажиран за пролетниот дел од сезоната.

Како младинец, својата кариера Дарио ја градел во екипите на Победа и Металург.

Leave a Reply