ГФК Осогово

НАШИОТ СТРАТЕГ АЛЕКСАНДАР АНДОВ СО ДОПОЛНИТЕЛНА ЕДУКАЦИЈА – СЕ СТЕКНА СО НОВО ПРИЗНАНИЕ

Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 29. до 31. октмоври во „Куќа на фудбалот” и на терените на тренинг центарот “Петар Милошевски” го одржа првиот дел од курсот за добивање на Национална фитнес лиценца за работа во фудбалски клубови.

Помеѓу 15 тренери кои се дел од курсот кој ќе се одвива во три фази, односно два семинара и стажирање во фудбалски клуб, е и нашиот стратег, Александар Андов.

„Можам да кажам дека се одлучив да се запишам на национална лиценца поради тоа што од секогаш ме привлекувала физичката и кондициона подготвеност на играчите. Како лице со завршен Факултет за Физичка Култура, Спорт и Здравје и како тренер сум директно вклучен во тој процес. Ова стекнато искуство и лиценца ќе ми биде од голема корист за подготвувањето на сениорскиот тим на Осогово и одржување на формата на високо ниво. Како што е познато, семинарот е од два дела од по 50 часа и ќе биде комплетиран во Март. Мора да потенцираме дека е голема чест да си дел од најдобрите кои во моментов работат на оваа професија“ ни раскажа и ги сподели своите импресии Андов.

Свои презентации на овој семинар имаа проф. д-р Ванчо Поп Петровски, проф. д-р Вујица Живковиќ, потоа Иван Јовановски, фитнес тренер во А репрезентација на Македонија, како и Лоик Борие, УЕФА експерт за фитнес и кондициска подготвка за млади категории и Оливие Доља, УЕФА менаџер за развој на младински фудбал.

Leave a Reply