ГФК Осогово

НА КОГО МУ ПРЕЧИ ШТО ОСОГОВО Е ПРВО МЕСТО!?

Очигледно е дека на поединци од ,,градот на оризот’’ им смета кога некои работи се движат во позитивен правец и истите се спремни на се, па дури со клевети и навреди само да наштетат, бидејќи не се дел од приказната.

Имено, пред нецела една година ГФК Осогово доби ново раководство, кое при превземањето на клубот затече очајна бодовна ситуација, нарушена репутација, големи финансиски долгови, катострофална организациска поставеност (во сениорите и во младинските категории), немање на соодветна опрема за натпревари, за функционирање на клубот и никаков план за во иднина.

Точно е дека клубот испадна во понизок ранг, но на крајот од сезоната како фатални се покажаа бодовите кои беа испуштени во првиот дел од натпреварувањето на домашен терен против ФК Турново (екипа која се распадна) и ФК Саса М. Каменица.

Моментално клубот се наоѓа на првото место во Трета лига – Исток и сме цврсто убедени дека ќе бидеме шампиони и ќе успееме да се пласираме во повисок ранг.

Репутацијата на клубот беше целосно нарушена, најмногу поради лошите резултати (8те порази во серија со огромна гол разлика) и катастрофалната организациска поставеност, по што одговорните лица си поднесоа оставки.

Точно е дека просек на актуелниот состав е 19 години, точно е дека има играчи и од други градови, но точно е и дека од Кочани и кочанскиот регион неколку фудбалери добија шанса за првпат во сениорски фудбал (Стојче Стојов, Никола Стоиловски, Антонио Божиновски, Петар Маркоски) и точно е дека тоа им смета на ,,големите новинари’’ кои ги нарекуваат ,,детска градинка”, но и точно е дека на истите не им сметаше кога претходно беше ,,пензионерски клуб’’, со играчи по над 40 и 50 години, поради кои бевме за потсмев на целата фудбалска јавност.

За волја на вистината, моментално во првиот тим на Осгово, повеќе од половината првотимци се домашни играчи, а не како што се манипулира јавноста дека има „легија на странци“, и дека не е промовиран ниту еден домашен играч. За нецела година, од младински во сениорски фудбал како што е наведено погре, Осогово на површина извади четири домашни играч. Притоа шанса во пријателски натпревари добија и неколку членови од нашите младински категории

За помалку од година дена, новото раководство ги направи следните работи:

-Маркетинг на нависоко ниво, преку креирање на веб-сајт, фан страна на Фејсбук и профил на Инстаграм, со што сме еден од водечките клубови во државата;

-Набавка на комплет спортска опрема за сениорите и младинците (дресови, шушкавци, тренерки, палтиња, мајци за тренинг, мајци за низ град, топки и разни реквизити за тренинг);

-Организирање на зимски и летни подготовки, со сите потребни активности, одигрување на меѓународен натпревар и неколку натпревари со прволигашки екипи;

-Од првиот ден до ден денес, сите обврски кон играчите се целосно испочитувани и финансиското работење е  преку банкарски сметки (нешто што не е случај ни во прволигашките екипи). Притоа се дава извештај и до општината;

-ГФК Осогово (како третолигаш) по 12 години има младинска школа и е ЕДИНСТВЕНА ВО ДРЖАВАТА фудбалска школа во која децата се целосно ослободени од трошоци, не им се наплаќа членарина, превоз, опрема, котизација;

-Набена е комплет механизација (тракторче за косење, косилка и тример) за одржување на теренот, за прв пат после 25 години;

-Обезбедени се 1500 столчиња за Градскиот стадион ,,Никола Мантов’’, се со цел подобар комфор на гледачите;

-План за работа во наредните 5 години за сениорите и младинските категории.

Исто така податок вреден да го знае јавноста е тоа што клубовите со кои ГФК Осогово се натпреваруваше минатата сезона (ФК Брегалница Штип, ГФК Тиквеш Кавадарци, ФК Плачковица Радовиш, ФК Саса М.Каменица, ФК Кожуф Гевгелија итн.), добиваат од 3 до 10 пати поголема финансиска помош од нивните општини, односно од 4 до 12 милиони денари на годишно ниво.

Уште при самата промоција на новото раководство – на прес-конференција на која беа присутни сите новинари јасно беше ставено до знаење дека ќе бидеме 24/7 отворени за сите медиуми. Токму од тие причини беше поставено и лице одговорно за односи со јавноста и оставено меил на кој што може да се контактира. Но, ниту ЕДНАШ од локалните медиуми немавме добиено барање или прашање за некоја информација.

Ниту еднаш не бевме повикани да дадеме изјава или пак да гостуваме во некоја емисија. Професионално и етички е пред да се објави нешто, да се побара став и информација и од другата страна. Доказ за нашата отвореност и информираност за сите фанови на клубот е постојаното и ажурното информирање преку нашиот сајт каде навремено се пласираат сите новости. Впрочем, дека имаме еден професионален и коректен однос со медиумите е и фактот што водечките и реномирани спортски сајтови во Македонија постојано не следат и ги објавуваат информациите кои и вам ви се достапни, како и на сите други.

Разбирливо е да се критикува играта на екипата, исто така и одредени играчи. Впрочем и големите клубови имаат лоши трансфер потези. Но несфатливо и недозволиво е да се манипулира и лаже јавноста и притоа да се креира наводна „криза“ и „хаос“. Па наместо во мира да се подготвуваме и фокусираме на следниот противник, ние сме приморани да бидеме дефокусирани од најниски типови на клевити и невистина со кои му штетите пред се, и над се, на клубот.

Спортски поздра;

Управен Одбор (УО) на ГФК Осогово

Leave a Reply